„Експрес“: Ердоган сака атомска бомба

Анкара, 14 август 2017 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да се стекне со атомска бомба, пишува денеска грчкиот весник „Димократија“, повикувајќи се на британскиот весник „Експрес.

Според весникот, Ердоган сака да ја претвори Турција во нова нуклеарна сила и тој има таен план за нуклеарна бомба во момент, кога односите со ЕУ се критични.

Ова предупредување било упатено во весникот „Експрес“ од турскиот новинар Абдула Бозкурт.

Во написот се тврди дека луѓе блиски до опкружувањето на Ердоган, кои имаат влијание врз неговите одлуки, изјавиле дека турскиот претседател веќе ја разгледал можноста за стекнување со атомска бомба.

Стравувањата на турскиот новинар се потвдени и од Ајкан Ердемир, турски експерт од американската фондација за заштита на демократијата и поранешен член на турскиот Парламент.

Тој изјави дека Ердоган имал голема желба да ја претвори Турција во нуклеарна сила, но немал можност тоа да го направи.

Според него по неуспешниот преврат плановите на Ердоган се осуетиле.

- Турција страда од недостиг на финансиски ресурси, а исто така и од недостиг од персонал за еден толку скап и високотехнолошки експеримент, изјави експертот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...