Во Грција за 24 часа пријавени 50 пожари

Атина, 15 август 2017 (МИА) - Во изминатите 24 часа низ цела Грција пријавени се 50 пожари од кои повеќето се изгаснати во рани фази, соопшти грчката противпожарна служба.
Денеска горат три големи пожари.
Пожарот во источна Атика, особено помеѓу Каламос и Микрори го гаснат 72 противпожарни возила со екипа од 180 членови, 58 пожарникари пешадија, 100 војници, три канадери, шест хеликоптери, повеќе градежни општински и други возила што носат вода заедно со многу волонтери.
На островот Закинтос, каде во последните пет дена избувнаа 20 шумски пожари, работат 37 противпожарни возила со екипа од 134 членови, 30 пожарникари и еден противпожарен воздухоплов.
Шумскиот пожар што избувна во земјоделската област во префектурата Крионери го гаснат 20 противпожарни возила со екипа од 42 члена, 27 пожарникари и три противпожарни авиони. јт/ссм/13:47
###



Вооружен маж од покрив стрелаше врз возила во Истанбул
Истанбул, 15 август 2017 (МИА) - Вооружен маж денеска отвори оган од покривот на една зграда во Истанбул, стрелајќи врз неколку возила.
Како што јави Хабертурк, турската полиција веднаш ја опколила зградата и набрзо успела да стапи во контакт со вооружениот маж и да го уапси.
Инцидентот се случил во истанбулската населба Есенјурт. Нема информации за жртви.
Турските медиуми објавија снимка од настанот на која се гледа маж кој стои на покривот држејќи пушка во раката, додека полицајци го довикуваат од пред зградата. сп/15:32
###



На Балканот се уште има околу 10.600 исчезнати лица
Белград, 15 август 2017 (МИА) - На Балканот како исчезнати се уште се водат околу 10.600 лица од времето на воените судири во 90-те години на минатиот век, изјави денеска претседателот на српската Комисија за исчезнати лица, Вељко Одаловиќ.
Според него, времето не е сојузник во решавањето на ова прашање, бидејќи како тоа одминува проблемот со исчезнатите лица се потешко се решава.
- Има се помалку нови информации и подготвеност тие да се споделат со владините тела кои се занимаваат со оваа проблематика. Овој проблем е цивилизациси и хуманитарен, но и значајно политичко прашање и затоа треба да се реши за да се обезбеди стабилизација на регионот, порача Одаловиќ.
Тој нагласи дека исчезнатите околу 10.600 лица се колку жители на „еден мал град“.
- Зад тие 10.600 исчезнати лица стојат десетици или стотици членови на нивните семејства, како и луѓе кои се дирекно заинтересирани за нивната судбина. Затоа тоа е пречка да се тргне со полн капацитет кон нормализација на односите, смета Одаловиќ. сп/18:42
###



Демај: Косово не аплицираше за членство во УНЕСКО
Приштина, 15 август 2017 (МИА) - Вршителот на должнсота шеф на косовската дипломатија Емануел Демај денеска соопшти дека Косово не поднело апликација за членство во Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).
Според него, апликацијата не е поднесена поради „домашни прашања“, односно затоа што се уште не се донесени законите за верски слободи и за религиско наследство.
Како што јави дописникот на МИА, Демај ги отфрли како неточни тврдењата дека неаплцирањето е последица на недоволна подршка од државите членки на УНЕСКО и оти во тоа „свои прсти вмешала Србија“.
- Косово се уште не аплцираше во УНЕСКО. Во очекување сме на донесување на Законот за верски слободи и на Законот за релгиско наследство, кои се уште не се донесени. Работиме, ги разгледуваме сите можности и опции, верувам дека имаме уште малку време за да аплцираме. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, изјави Демај за „Економија онлајн“.
Тој оцени дека неконституирањето на косовското Собрание ќе го попречи усвојувањето на двата закони, што ќе значи дека Косово веројатно не ќе може да аплцира за членство во УНЕСКО годинава.
Во ноември 2015 година на Косово му недостигаа само три гласа за да стане членка на УНЕСКО. Членството во оваа најголема организација на ОН треба да го одобрат две третини 195-те земји членки.
Демај нагласи дека Косово аплицирало за членство во Интерпол, но дека „извештаите не влеваат многу надеж“ за прием, иако Приштина досега тврдеше дека ја обезбедила потребната подршка за зачленување,
- Ќе има тешкотии, тоа е многу вистинито, бидејќи има многу држави кои не ни даваат потврден одговор. Во текот на неделава ќе имаме средба со премиерот, а запознат е и претседателот. Ќе ги разгледаме извештате кои се пристигнати. Тие не влеваат многу надеж, но како и да е ќе бидат патоказ како да продолжиме понатаму, оцени Демај.
Сепак, според него, нештата може да се сменат во последниот миг, иако признава дека во оваа ситуација во која сега се наоѓа Косово тоа ќе биде тешко, бидејќи органите на власта се уште не се формирани. вт/сп/19:23
###



Грција бара помош од ЕУ за гаснење на пожарите
Атина, 16 август 2017 (МИА) - Грчките власти побараа од државите - членки на Европската унија да им позајмат авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите, откако пожарникарите веќе трет ден се борат против огнената стихија северно од Атина.
Противпожарната служба наведе дека 60 пожарникари се испратени од Кипар за да и помогнат на Грција во гаснењето пожари.
Околу 400 грчки пожарникари и војници со поддршка на Канадери и десетина противпожарни камиони се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу местата Варнавас и Каламос, околу 45 километри северно од Атина.
Засега никој не е повреден во пожарот, но најмалку 20 куќи се оштетени.
Грчките пожарникари се борат и со пожарите на Пелопонез и на островот Закинтос. ссм/07:34
###



„Билд“: Германија ќе и врати на Грција 416 милиони евра
Берлин, 16 август 2017 (МИА) - Берлин е подготвен да и врати на Грција 416,7 милиони евра, објави германскиот весник „Билд“.
Сумата се однесува на добивки од каматите за грчките обврзници кои ги има „Бундесбанк“ (Централна банка на Германија).
Весникот тврди дека сумата е предвидена во буџетот на Германија за 2017 година. Враќањето на тие средства треба да биде одобрено од Бундестагот.
- Атина може да се надева на стотици милиони евра добивка од камати на грчките обврзници, кои ги има Централна банка на Германија, но затоа неопходно е „зелено светло“ од германскиот Парламент, како и успешно завршување на третата консолидациска програма за Грција, истакнува „Билд“. ми/ссм/09:33
###



Пожар се приближи до мавзолејот на Његош на Ловќен, спасени куќите во Крашиќи
Подгорица, 16 август 2017 (МИА) - Веќе неколку дена на Ловќен беснеат пожари, а утринава ситуацијата стана критична бидејќи огнот се приближи и до мавзолејот на Петар Петровиќ Његош, јави Хина.
Шефот на противпожарната служба од Цетиње, Предраг Моштрокол, изјави дека во помош е пристигната и војската, како и колеги од Подгорица и Будва.
Според него, доколку не се засили ветрот пожарот ќе се гаси и со авиони и хеликоптери на Министерство за внатрешни работи.
Огнот се проширил долж целата планина и се движи кон Ивановите Корита и Његушице.
Во Подгорица се активни три пожари, потврди шефот на Службата за заштита и спасување, Андрија Чаѓеновиќ.
Пожарникарите од Тиват и Котор од пожар ги спасија куќите на крајниот западен дел од Крашиќи. Напредувајќи низ сувата ниска вегетација, огнот се доближил на околу 50 метри од куќите, но правовремено биле развлечени таканаречени пожарникарски пруги низ шумата над Крашиќи и пожарот бил „пресечен“, пренесе Хина.
На теренот над Крашиќи биле излезени околу 50 пожарникари со девет возила. сд/ссм/12:24
###



Чавушоглу: Нема морска граница меѓу Турција и Грција
Атина, 16 август 2017 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција нема да прифати „де факто" ситуации во Егејско Море, покренувајќи го повторно прашањето за суверениот статус на некои острови од овој регион, јави весникот „Прото тема“.
Одговарајќи на прашање во Парламентот, шефот на турската дипломатија изјави дека меѓу Турција и Грција има серија взаемно поврзани проблеми во Егејско Море.
Меѓу овие проблеми е и оној за суверениот статус на некои мали и скалести острови и фактот дека меѓу Турција и Грција нема морски граници, определени од еден меѓународен договор, што ќе е во сила меѓу двете земји, изјавил Чавушоглу.
Според него, меѓународните договори што се однесуваат на статусот на островите во Егејско море, се Лозанскиот договор од 1923 година и Парискиот договор од 1947 година Тој подвлекол дека овие договори соддржеле аналитички детали за суверенитетот и разоружувањето на островите.
- Во оваа смисла проблемот е во толкувањето на клаузулите на овие договори, изјави турскиот министер за надворешни работи и продолжи: „како што е познато прашањата во Егејско Море се разгледуваат во рамки на постојните канали за комуникација меѓу Турција и Грција. Нашата земја сака да се најде справедливо решение на сите проблеми во рамки на меѓународното право и во тој однос да се покажат нејзините основни права и интереси“, додаде првиот турски дипломат.
-Во врска со ова имаме кажано дека Турција нема да прифати „де факто“ ситуации, кои Грција ќе се обиде да ги создаде врз географски позиции со сомнителен статус, и нашите погледи се изложени на секакво можно ниво пред грчките власти, дополни Мевлут Чавушоглу.
Весникот „Контрањуз“ пишува дека новата турска претензија се однесува на 18 грчки острови во северниот и централниот дел на Егејско Море, во регионот на групата острови „Додеканези“ и таквите што се наоѓаат во Критско Море, набројувајќи ги пооделно. сд/ссм/12:52
###



Чавушоглу: Референдумот за независност на Ирачки Курдистан може да доведе до граѓанска војна
Анкара, 16 август 2017 (МИА) - Планираниот референдум за независност во курдскиот северен Ирак може ситуацијата во регионот да ја направи полоша, па дури и да доведе до граѓанска војна, предупреди денеска турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Шавушоглу, пренесоа британските медиуми.
Турскиот министер своите коментари ги даде за време на интервју за телевизискиот канал ТРТ Хабер.
Ирачки Курдистан соопшти дека на 25 септември ќе организира референдум за независност, игнорирајќи ги предупредувањата однадвор, а меѓу нив и она на Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...