Остра порака на грчкиот претседател кон Анкара

Атина, 17 август 2017 (МИА) - Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос упати остра порака кон Турција во врска со изјавата дадена вчера од нејзиниот шеф на дипломатија Мевљут Чавушоглу, во која тој ги оспорува морските граници меѓу двете земји во Егејско Море, пишува „Катимерини“.

Во Егејското Море нема „сиви зони“... Територијата и суверенитетот на Грција се граници, територија и суверенитет на Европската унија.
- Taa вистина ја знаат одлично како нашите пријатели, така и непријателите, изјави шефот на грчката држава.

Тој појасни дека Грција се однесува кон меѓународниот политички живот со апсолутно почитување и се придржува цврсто кон европското и меѓународното право.
- Земјата работи за мирот и развојот како и во реонот на Балканот и Југоисточна Европа, така и во пошироки рамки на ЕУ, рече тој.

Павлопулос истакна дека Грција цврсто ја поддржува европската перспектива на Турција, но појасни дека таа нејзина ориентација вклучува еден услов, апсолутно почитување на европските норми и на договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...