Персоналот од Амбасадата повлечен поради разузнавачко дејствување против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека српските надлежни органи утврдиле и докажале дека против Србија е извршено офанзивно дејствување и поради  тоа е повлечен персоналот од српската Амбасада во Македонија.

- Нашите надлежни органи утврдија и ни дадоа докази и сознанија за многу офанзивно дејствување против органите и институциите на Србија, изјави Вучиќ пред новинарите, пренесува државната телевизија РТС.

- Наше е нашите луѓе да бидат подготвени. Ќе има некои промени во нашиот персонал, потенцира Вучиќ.

Тој порача дека без разлика на се Србија ќе продолжи да негува пријателски односи со Македонија.
- За седум до десет дена работите ќе бидат појасни, потенцираше Вучиќ, додавајќи дека имало многу шпекулации.

- Нашите интереси ќе ги заштитиме и ќе градиме добри односи со Скопје, истакна шефот на српската држава на прашањето дали кризата во односите има врска со членството на Косово во УНЕСКО.

- Како да ви кажам...Тие односи ќе мораат да бидат засновани на взаемно почитување. Дали Албанците ќе го стават Косово на дневен ред на собранието на УНЕСКО...Наша работа е да ги заштитиме интересите на Србија, а при тоа да не ги нарушиме интересите на другите земји, истакна Вучиќ.

Како што пренесува Танјуг, Вучиќ дополни дека има мешање и на некои други сили, но не именуваше за кого се работи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...