Регионалната платформа за слобода на медиуми го осуди нападот на косовскиот новинар Олури

Скопје, 21 август 2017 (МИА) - Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и за заштита на новинарите, која претставува повеќе од 7.800 членови на новинарски здруженија од регионот, го осуди нападот врз косовскиот новинар Парим Олури.
Платформата, во која членува и Здружение на новинари на Македонија очекува од властите на Косово да дејствуваат брзо, да ги идентификуваат тројцата напаѓачи и да ги казнат соодветно. Истовремено ги повикува меѓународните организации кои се фокусирани на заштита на слободата на печатот и правата на новинарите да го побараат истото.
- Преку својот систем за мониторинг, ќе го следиме развојот на овој случај и во наредниот период ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни институции за конечните заклучоци, се вели во заедничката изјава.
Здруженијата на новинарите од регионот потсетуваат дека Олури и неговата свршеница беа нападнати на 16 август во Приштина, додека влегувале во нивната зграда од страна на три маскирани лица. Олури верува дека нападот е поврзан со неговите неодамнешни новинарски објави.
Олури е директор на insajderi.com, онлајн портал и е добитник на многу награди за неговата работа. Како што тврдат од Здружението на новинарите на Косово (AJK), Олури немал лични конфликти со никого и се убедени дека инцидентот е поврзан со неговата работа.
Здруженијата од регионот потсетуваат дека на Косово во 2017 година се регистрирани девет случаи на притисок, вербални закани и физички напади, вклучувајќи го и последниов напад врз Олури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...