Спутник за повлекувањето на персоналот од Српската амбасада: Македонија предлагач за влез на Косово во УНЕСКО

Белград, 21 август 2017 (МИА) - Македонската Влада подготвила предлог за поддршка за зачленување на Косово во УНЕСКО и тоа е една од причините поради која српското Министерство за надворешни работи го повлече персоналот од Амбасадата во Скопје на итни консултации, јави „Спутник“, повикувајќи се на свои, добро информирани извори.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска, по повод ситуацијата со амбасадата на Србија во Македонија, дека „не станува збор за мала работа“ и оти таа имала консултации со претседателот на државата Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Таа, пред новинарите во Владатата на Србија, најави дека наскоро ќе биде лиферувано соопштение од Министерството за надворешни работи, на кое во моментов, како што рече, „заеднички се работи“, пренесува Танјуг.
Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје. Оттаму за МИА истакнаа дека воспоставуваат комуникација со МНР на Србија за утврдување на причините за оваа постапка.
Срспката амбасадорка Душанка Дивјаќ - Томиќ во изјава за српските медиуми потврдила дека целиот персонал од Амбасадата е повлечен во Белград, но рекла дека не може да коментира која е причината.
Од МНР информираат дека согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Република Србија во Скопје.
Сите дипломати и вработени од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија се повлечени на итни консултации во Белград. Македонското МНР било известено од српската Амбасада оти персоналот ќе се повлече на консултации во Белград, но причината за тоа не била кажана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...