Турска воена авијација десетина пати го повредила грчкиот воздушен простор Атина, 22 август 2017 (МИА) - Турски авиони „ловци“ извршија десетици повреди на грчкиот воздушен простор во Егејското Море, објави „Катимерини“. Повредите се регистрирани во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејејското Море. Петмина турски „ловци“, седум пати повеќе навлегле во зоната за полетување над Атина и 44 пати го повредиле националниот воздушен простор на Грција. Една од повредите резултирала со виртуелна борба, кога авионите биле пресретнати од Грчките воздухопловни сили.
|