„Катимерини“: Грчките дипломати загрижени поради повлекувањето на српските колеги од Македонија

Атина, 22 август 2017 (МИА) - Грчките дипломати загрижено го следат развојот на случувањата на Балканот откако Србија го повлече својот персонал од Амбасадата во Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“, пренесува Танјуг.
Весникот наведува дека Белград го повлекол целиот персонал од Амбасадата, по што ја обвинил Македонија за „офанзивно дејствување“ против Србија. Според „Катимерини“, Белград е веројатно бесен, бидејќи Скопје ги унапредува односите со Приштина.
Грчкиот медиум нагласува и дека Грција инсистира спорот со Македонија околу името на земјата да го реши пред таа држава да се придружи кон меѓународните сојузи.
Македонската Влада соопшти дека „развива пријателски односи со сите соседни земји“, а во однос на отворените прашања „води политика на добрососедска и регионална соработка“. Сепак, што се однесува до гласањето за членство на Косово во УНЕСКО „ќе ги земе предвид ставовите на мнозинството земји од ЕУ“, пишува грчкиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...