Грците стравуваат од нов голем бран бегалци и мигранти

Атина, 22 август 2017 (МИА) - Ненадејното зголемување на бројот на мигранти кои пристигнуваат од Турција предизвика загриженост кај грчките власти, кои во наредните неколку дена ќе утврдат дали брзиот пораст е случаен или почеток на нов бегалски бран.
Од петокот до вчера на грчките острови во Егејското Море пристигнале вкупно 643 мигранти, а вчера попладне во два чамци пристигнале уште 114 лица.
Во прифатните центри на неколку грчки острови веќе подолго време владее тензична атмосфера. Во повеќето објекти се сместени двапати повеќе мигранти од што дозволва капацитетот, а нивната судбина е неизвесна затоа што барањата за азил воопшто не им се разгледани, ниту пак знаат дали ќе бидат депортирани. Локалните жители на островите исто така губат трпение, а десетици мигранти се уште секојдневно пристигнуваат од турското крајбрежје.
Во камповте на Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос во моментов има повеќе од 14.400 мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...