Белград, 22 август 2017 (МИА) - Во Србија се потврдени четири случаи на заболување од Западнонилска треска, јави Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, пренесе Танјуг.
Овие случаи се потврдени до 18 август, се наведува на сајтот на институтот.
Вирусот се пренесува преку каснување од заразен комарец, а симптомите на заболувањето се појавуваат три до 14 дена по каснувањето.