ЕУ ги поздравува договорот и конструктивноста на Заев и Вучиќ

Европската унија денеска го поздрави решавањето на билатералното прашање меѓу Србија и Македонија.
По повод постигнувањето договор од пет точки меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, во Европската комисија оценуваат дека прашањето е решено со „конструктивен пристап“ од обете страни.

- Го поздравуваме фактот што овој случај е решен на конструктивен начин. Меѓусебната почит, добрососедските односи и јакнењето на регионалната соработка остануваат основа за европскиот пат на целиот регион, порача портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ во изјава за Танјуг.

Претходно таа порача дека ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата меѓу Белград и Скопје, но одби да ги коментира билатералните прашања меѓу двете земји.
- Очекуваме двете страни да покажат воздржаност и да ги решат прашањата на мирен начин, во духот на добрососедските односи, изјави Коцијанчиќ претходно денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...