Косовската Влада критикува српски документарен филм за наследството на Косово

Приштина, 18 септември 2017 (МИА) - Косовската Влада упати критики во врска со документарниот филм „Косово - моментот во цивилизација“, кој е прикажан во Српскиот културен центар во Париз, тврдејќи дека негова цел е „присвојување на културното и верското наследство на Косово и негово трансформирање“.

Како што се наведува во соопштението, Владата во Приштина смета дека филмот е „расистички и без преседан“, и дека е дел од „спорната кампања“ против членството на Косово во УНЕСКО, но и дека го претставува културното наследство на Косово како наследство на Србија.

Властите, имено, тврдат дека верските и културните објекти на Косово се „дел од наследството на земјата“ и не можат да се отуѓат, тие им припаѓаат на „државата Косово и нејзините граѓани“.

Владата во Косово наведува дека Србија продолжува да го блокира патот на Косово кон меѓународно признавање и членство во меѓународните организации, што е „спротивно со принципите за добрососедска политика“.

Режисерот на филмот Борис Малагурски изјавил дека идејата на филмот е да се прикаже загрозеноста, но и убавината на српското наследство на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...