Судири меѓу атинската полиција и група учесници во протестен марш

Атина, 19 септември 2017 (МИА) - Во Атина избија помали судири меѓу грчката полиција и група млади учесници во протестен марш, организиран во знак на сеќавање на музичар и активист, убиен пред четири години.
Откако групата во западното атинско предградие Керацини ги искрши прозорците на локалната општинска зграда, фрлаше камења и најмалку еден „молотов коктел“ кон полицијата, припадниците на безбедносните сили одговорија со шок-бомби.
Во судирите никој не е повреден, ниту приведен.
Овој марш, како и оној од пред три дена, организирани од левичарски активисти, се одржа во знак на сеќавање на Павлос Фисас, кого пред четири години го убиија симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“. Неговото убиство покрена серија протести ширум Грција и доведе до истрага против „Златна зора“, а судењето против членовите на таа партија и натаму трае.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...