Приштина, 18 септември 2017 (МИА) - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им се извини на новинарите поради навредите кои им ги упати минатата недела по посетата на Министерството за инфраструктура.
Тој синоќа ги повика сите новинари кои ја следата неговата и работата на Владата, како и уредниците на неформален состанок.
BR>Според официјалната покана, состанокот требаше да биде на ниво на конверзација со премиерот за сите теми.
Иако состанокот беше бојкотиран од голем број новинарии и медиуми поради неодамнешните навреди од премиерот, кој ги нарече неписмени, Харадинај ја искористи можноста да им се извини.