„Газпром“ би можел да ги зголеми инвестициите во „Турски поток“

Москва, 20 септември 2017 (МИА) - Енергетскиот гигант „Газпром“ во текот на оваа години би можел да ги зголеми инвестициите во проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“ за дополнителни 50 милијарди рубљи (720 милиони евра), соопшти денеска руската компанија.
Ваквата одлука е донесена на денешното заседание на Советот на директори на „Газпром“, на кое се расправало за инвестициската програма на компанијата за 2017 година.
Претходно беше предвидено во текот на оваа година, „Газпром“ во проектот „Турски поток“ да инвестира 41,92 милијарди рубљи (600 милиони евра).
Проектот „Турски поток“ предвидува изградба на гасовод од рускиот црноморски брег, преку дното на Црното Море до северозападниот дел на Турција. Гасоводот треба да има морска траса во должина од 910 километри и копнена траса од 180 километри на турска територија.
Предвидено е гасоводот да има две линии, од кои едната ќе биде наменета за дистрибуција на гас за поторшувачите во Турција, а втората за потенцијалните корисници во Јужна и Југоистична Европа.
„Турски поток“ треба да биде со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри годишно, а неговата изградба се проценува дека ќе чини 11,4 милијарди евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...