Апостолова: Заедницата на српски општини да се формира согласно Уставот на Косово

Приштина, 22 септември 2017 (МИА) - Шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, ги охрабрува раководствата на домашните институции да ја формираат Заедницата на општини со мнозинско српско население, но тоа, според неа треба да се направи со почитување на законите на Косово и одлуката на Уставниот суд.
Во интервју за весникот „Зери“, Апостолова потсетува дека високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини во обраќање во Парламентот на Косово изјавила дека очекува Заедницата на српски општини (СЗО) да не биде паралелна структура, туку со неа да се инкорпорираат Србите во инситуциите на Косово и оти тоа ќе биде во полза за сите
страни.
Според неа, како Владата ќе се занимава со ова прашање ќе биде многу значајно за нив и оти тие овие активности ќе ги набљудуваат во следните денови.
Таа во интервјуто се задржува и на други прашања, при што нагласи дека Европската унија со ниту една политичка одлука нема да се откаже од двата услова кои Приштина мора да ги исполни за да добие визна либерализација, а тоа се демаркацијата на границата со Црна Гора и борбата против организираниот криминал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...