Грабар-Китаровиќ: Словенија го загрози меѓународното право

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ застана зад премиерот Андреј Пленковиќ, чиј говор за арбитражата со Словенија во ОН, доведе до откажување на посетата на словенечкиот премиер на Загреб.

Во интервју за „Јутарњи лист“, Грабар - Китаровиќ оцени дека Словенија со компромитирањето на арбитражната постапка, всушност го „загрозила меѓународното право“.
Таа оцени дека Словенија и Хрватска се две пријателски земји и оти тоа единствено спорно прашање не треба да се става во центарот на меѓусебните односи, пренесува Хина.

Според неа, околу арбитражата, во Хрватска постои „национален консензус“, а таа е „неповратно компромитирана“, поради што за хрватскиот политички врв „таа не постои“.

Пленковиќ, во четвртокот од говорницата на Генералното собрание на ОН истакна дека Хрватска морала да излезе од арбитражата за границата со Словенија, која официјална Љубљана ја „компромитирала“ и предупреди дека такво „непочитување на меѓународното право“ ги обесхрабрува останатите држави да ги решаваат споровите со помош на трета страна.

Словенечкиот премиер Миро Церар ја откажа посетата на Загрен и на новинарите во Њујорк им рече дека Пленковиќ со своите коментари за арбитражниот процес со Словенија се „повлекол од тој процес“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...