Приштина, 25 септември 2017 (МИА) - Потпретседателот на косовската Влада и министер за надворешни работи Беџет Пацоли смета дека е време Советот за безбедност на ОН да ја разгледа можноста за трансформација на УНМИК во политичка канцеларија на ОН, која би и помогнала на Приштина во обидите за приклучување кон Светската организација.
Пацоли информира дека косовската делегација што престојуваше на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се сретнала со неговиот претседател Мирослав Лајчак.
- Побаравме да се смени сегашниот формат на расправа за Косово и седниците на Советот за безбедност од четири да се намалат на една или две годишно и да бидат затворени, напиша Пацоли на Фејсбук.