Труење на ученици во четири белградски училишта, уапсен доставувачот на храна

Вкупно 135 ученици од четири белградски училишта побарале лекарска помош со симптоми на труење, откако во училишните кујни во понеделникот јаделе шпагети болоњезе.



Епидемиологот од Градскиот завод за јавно здравство, Биљана Беговиќ Вуксановиќ изјави дека во училиштата, како и од фирмата „Кетеринг енд бејкерс“, која на учениците им доставува храна, биле земени голем број примероци за анализа.

Таа истакна дека резултатите ќе бидат познати за три до пет денови, а на фирмата „Кетеринг енд бејкерс“ и е наложено времено да ја прекине испораката на оброци во училиштата.

Полицијата во Белград, во соработка со обвинителството, му одредиле 48-часовен притвор на лицето Б.П. (1976), кој има одговорна функција во фирмата „Кетеринг енд бејкерс“, поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело производство и ставање во промет на штетни производи.

Последното големо труење на повеќе од 250 ученици од неколку белградски училишта е забележано во 2013 година, а причина за тоа е бактеријата стафилокока, која била пронајдена во шпагети болоњезе.

Тогашното српско Министерство за образование најавувало поднесување пријави против одговорните, но епилогот за тој случај не е познат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си била некоја жена и отишла на гинеколог и му вика да ја напраи девица до вечер зошо мажот не знаел дека не е невина. Ја легнува овој на стол и работи.
Утредента доага оваа и му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
1760.- Роден е Клод Анри Сен Симон, француски...
1797.- Во италијанското село Кампоформио...
1803.- Роден е унгарскиот политичар Ференц Дак,...
1849.- Во Париз умре Фредерик Франсоа Шопен,...