Грабар Китаровиќ: Не мора да бидеме пријатели, но мора да соработуваме

Претседателите на Хрватска и на Србија, Колинда Грабар Китаровиќ и Александар Вучиќ се согласија за одложувањето на посетата на шефот на српската држава на Загреб, бидејќи „најновиот развој на настаните и атмосферата не придонесуваат за градење на меѓусебна доверба, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на Грабар Китаровиќ.

- Главната цел на посетата на претседателот на Србија на Хрватска, кога ќе се случи тоа, мора да претставува позитивен исчекор во решавање на отворените прашања и ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете држави, кои не мора да бидат пријателски, но мора да соработуваат поради својата иднина и стабилноста на Југоисточна Европа, се наведува во соопштението од Кабинетот на хрватската претседателка.

Исто така се посочува дека Грабар Китаровиќ во повеќе наврати истакна дека дијалогот нема алтернатива во односите со своите соседи, вклучително и Србија.

Со потпишувањето на Суботичката декларација почнаа да се создаваат предуслови за решавање на отворените прашања. Во согласност со декларацијатa, по изборот на Вучиќ за претседател на Србија, почнаа разговорите за официјална посета на Хрватска.

- Поканата на претседателката на Хрватска до претседателот Вучиќ е упатена со цел за понатамошна нормалзиација на односите и градење на меѓусебната доверба.

Со оглед на најновиот развој на настаните и атмосферата не приодонесуваат за градење на меѓусебна доверба, претседателката на Хрватска процени дека во овој момент не постојат предуслови за реализација на посетата, се посочува во сооштението.

Претходно, ТАНЈУГ јави дека Вучиќ ќе го посети Загреб кога разговорите помеѓу него и хрватската претседателка Грабар Китаровиќ ќе овозможат помирни околности и поинаква политичка атмосфера.
Датумот на посетата на Вучиќ на Загреб всушност не беше утврден ниту потврден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...