Косово се откажа од барањето за членство во УНЕСКО и Интерпол

Приштинските власти синоќа соопштија дека се откажале од барањето на Косово за членство во УНЕСКО и во Интерпол.

Косовското Министерство за надворешни работи соопшти дека „прагматичното одложување“ на барањето на Приштина за членство во Интерпол и во УНЕСКО е засновано врз целосна и блиска соработка со САД, Британија, Франција, Германија и Италија.

- Министерството за надворешни работи оценува дека тие акции придонесуваат за зајакнување на меѓународната положба на Косово, натамошно унапредување на односите со партнерските и сојузничките земји, гарантирање безбедност и унапредување на мирот во регионот, се наведува во соопштението.

Од друга страна, во документот околу процесот за поднесување барање од страна на Косово за прием во меѓународните организации, се додава дека процесот за стекнување членство на Косово во регионалните, континенталните и светските организации, односно ОН и агенциите поврзани со нив, и понатаму останува приоритетна цел на Приштина.

- Косово досега се придружи на повеќе од 60 регионални, континентални и глобални организации и секоја акција на поднесување барање, процедура или процес за добивање членство, се презема во целосна и блиска координација со стратешките и историските сојузници на Косово, односно САД и ЕУ, се потенцира во соопштението.
Косовското МНР истакнува дека заедно со Владата дејствува на координиран и одговорен начин, штитејќи го „националниот интерес“ на Косово.

- Какви било други тврдења со цел да се создаде негативна слика во јавноста се неразумни и непрофесионални, се заклучува во соопштението на МНР во Приштина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...