Коѕијас: Не сум кажал дека спорот за името е поврзан со јазикот

Се надевам дека во еден момент ќе можеме да дојдеме во ситуација да имаме содржајни разговори за името. Никогаш не сум кажал дека тоа е поврзано со јазикот или други прашања.

Ова го изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас на прес-конференцијата во Солун, одговарајќи на новинарско прашање дали, како што објавија некои грчки медиуми, рекол дека Атина освен името на Македонија оспорува и други прашања како што се јазикот, нацијата...

 

Коѕијас, претходно денеска, во Солун имаше средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, на која разговарале за нови форми на соработка.

Во контекст на денешниот состанок на министрите од Грција, Македонија, Бугарија и Албанија, Коѕијас истакна дека Атина ќе даде поддршка за повеќето земји за членство во ЕУ, како и поддршка за создавање мрежа за соработка.

Тој признава дека Грција се однесувала арогантно кон земјите во регионот во 90-те години, но извлекла поука и се свртела кон градење доверба. Оцени дека односите меѓу земјите во регионот сега се многу подобри отколку што се перципира во јавноста.

- Треба да сме подготвени на компромиси и да не се плашиме. Треба да ги решаваме проблемите, рече Коѕијас.

Во обраќањето на прес-конференцијата во Солун тој нагласи дека иднината на ЕУ е во заеднички интерес и во интерес перспективата на регионот и оти земјите кандидати за членство во ЕУ во следната фаза на пристапување ќе добијат средства наменети за Југоисточна Европа.

- Со средбата сакаме да ги идентификуваме заедничките интереси, иднината на регионот и грчката надворешна политика е фокусирана на исполнување на денешната агенда како да им се посветиме на овие прашања како и на прашањата од економијата, културата, образованието, истражувањето како и секторите за енергија и за внатрешна безбедност, рече Коѕијас.

Преземени се, додаде, специфични мерки преку пленарните и преку индивидуалните средби, а билатерланите средби биле посветени на тоа како да се продлабочи соработката.

На средбата во Солун договорена е нова средба за шест месеци со прашања во врска со соработка со користење на фондовите на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...