Во ИД има 120 албански државјани, годинава не заминал ни еден

Во изминатите десет години најмалку 120 албански граѓани се приклучиле кон терористичката Исламска држава, а на боиштата,пред се во Сирија, се убиени повеќе од дваесет.

Овој податок е изнесен на Форумот „Граѓанскиот сектор против насилниот екстремизам“ одржан во северниот албански град Скадар,на кој посебен акцент беше ставен на законските прописи и начинот како да се идентификуваат екстремистите.

- Благодарение на законските иницијативи,годинава во Сирија не заминал ниеден наш граѓанин. Но,фактот дека сега нема, не треба да значи дека нема да има подоцна. Ангажираноста на сите повикани е неопходна. Потребни се посебни програми и политики, -изјави Клејда Нѓела од албанскиот хелсиншки комитет.

Според неа проблем и понатаму е третирањето на овие лица,посебно  на лицата кои се вратиле од боиштата,но и на нивните семејства.

Албанија има усвоено национална стратегија за борба против насилниот екстремизам, лани усвои и закон со кој се забранува учество во странски војски, а за албанските државјани кои учествуваат во нив предвидена е казна затвор во траење до 15 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...