Србија ќе воведува дуално образование

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои нацрт-законот за дуално образование. Со овој закон ќе се овозможи поефикасно образование, а на младите луѓе ќе им овозможи вработување веднаш по средното образование, соопшти владината Канцеларија за соработка со медиумите.

Предлог-законот има за цел прилагодување на потребите на стручното образование со економијата, намалување на невработеноста кај младите до 25 години и зајакнување на конкурентноста на српската економија на регионално и на глобално ниво.

Владата на Република Србија ги усвои и нацрт-измените на законите за предучилишно, основно и средно образование.
Со нив се редефинира времето поминато во училиштата, со што се гради една поинаква слика на училиштата како места за учење и развој на учениците, но, исто така, се ослободува и простор за воннаставните активности кои претходно биле запоставени.

Се прошируваат можностите и за образовниот туризам.
Училиштата и специјализираните  установи за деца и студенти кои имаат соодветни услови можат да станат центри за настава во природата, со што ќе се поевтини цената на таквите активности, но, исто така, ќе се помогне и во развојот на локално ниво.

Се воведува и нов концепт на државната матура, која треба да го подобри квалитетот на средното образование и да обезбеди квалитет на студентите за следниве нивоа на образование.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...