Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Егејското Море, соопшти американскиот Институт за геофизика.
Епицентарот на потресот бил на островите Споради, во близина на островот Евбеја. Нема информации за жртви.