„Контрањуз“: Американците му веруваат на Ципрас

Атина, 12 октомври 2017 (МИА) - Политичката и воена елита на САД имаат доверба во Грција и нејзиниот премиер Алексис Ципрас, и во тој контекст договорите кои се очекува да се потпишат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ципрас за време на неговата посета на Белата куќа на 17 окомври се од стратешко значење.
Ова го јави грчкиот весник „Контрањуз“ додавајќи дека според извори од Вашингтон, договорите кои ќе ги потпипшат двајцата лидери „ќе ја променат и рамнотежата во експлозивниот регион на Медитеранот“.
Вашингтон гледа на Грција како на земја на стабилност и безбедност во Средоземното Море и оваа оценка доаѓа во момент кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го води кон крајност конфликтот со Американците, пишува весникот.
- А од таа гледна точка не е исклучено кризата меѓу Турција и САД која се интензивира да доведе до целосна изолација на Ердоган, откако турскиот претседател почна да создава нови коалиции со учество на Владимир Путин, на Иран, Катар и дури на Хамас, во обид да добие улога во регионот, коментира „Контрањуз“.
Весникот додава дека „спротивно на него, американскиот претседател Доналд Трамп има целосна доверба во грчкиот премиер Ципрас, како и претходната американска администрација“.
Во текстот се наведува дека за време на владеењето на СИРИЗА, грчко-американските односи се доведени на најдобро можно ниво, и оти сега му се дава шанса на Ципрас да профитира од геополитичката позиција на Грција и да потпише исклучително важни договори во стратешки сектори на економијата на земјата.
- Присуството на Америка во Грција може да ја зајакне безбедноста на земјата во однос на Турците и да ги зголеми инвестициите. Американците се подготвени и да дадат знак за помош на Грција, а паралелно со тоа и да извршат притисок врз Европејците, за да донесат одлуки за намалување на грчкиот долг, што е неопходен предуслов за рестартирање на грчката економија, пишува „Контрањуз“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...