Грабар-Китаровиќ:: Хрватска може да биде посредник меѓу Русија и НАТО

Москва, 18 октомври 2017 (МИА) - Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ воочи денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, изјави дека Загреб би можел да биде посредник меѓу НАТО и Русија.
- Верувам дека Хрватска може да биде посредник во соработката меѓу Русија, ЕУ и НАТО, организации на кои сме членки, кои ги поддржуваат нашите заеднички вредности, а во кои ние силно веруваме. Сепак, невозможно е да се впуштиме во решавање на бројните прашања на глобално ниво без дијалог со Руската Федерација. Поради тоа, секогаш, во сите недоразбирања поддржувам дијалог, изјави хрватската претседателка во интервју за агенцијата ТАСС.
Таа истакна дека е од клучна важност да се обнови дијалогот меѓу Русија и Западот.
- Сметам дека дијалогот е клучен. Русија и НАТО се клучни фактори на европската стабилност и безбедност. Дијалогот треба да биде зачуван и отворен. Треба да постои доверба, изјави Грабар-Китаровиќ.
- Какво и да е влошување на односите меѓу НАТО и Русија ќе има директни последици на сите аспекти на европската безбедност и стабилност, заклучи претседателката.
Таа уште истакна дека и е драго што ќе патува во Сочи каде ќе се сретне со Путин и оти очекува со него да разговара за широк спектар на прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...