Петиција во Србија за доживотна затворска казна за убијци на деца

Белград, 18 октомври 2017 (МИА) - Фондацијата „Тијана Јуриќ“ од 23 до 29 октомври во повеќе од 40 градови ширум Србија ќе организира потпишување на петиција за воведување доживотна затворска казна за убијци на деца.
Според предлогот на фондацијата, убијците на деца нема да имаат право на помилување.
- Ако во иднина се усвои овој наш предлог, тоа за нас е многу важно. Неодамна во Ниш имавме случај кога е помилуван човек кој силувал две девојчиња, истакна за РТС претставникот на фондацијата Игор Јуриќ, кој е татко на убиената Тијана во јули 2014 година од страна на Драган Ѓуриќ, кој сега издржува казна од 40 години затвор.
Јуриќ смета дека има суштинска разлика меѓу 40 години затвор и доживотна робија, додавајќи дека очекува над 500.000 граѓани да се потпишат на петицијата.

Тој нагласи дека децата денес имаат многу проблеми и оцени дека е загрижувачки фактот што Србија е водечка земја по стапка на смртност на деца.
Фондацијата „Тијана Јуриќ“ е непрофитна организација основана во 2016 година со задача да придонесе за поголема безбедност на децата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...