Албанија ќе увезува струја и во последните два месеца од годинаваТирана, 18 октомври 2017 (МИА) – Поради неповолната хидрологија, што доведе до мало производство на електрична енергија, со цел да ги задоволи потребите на потрошувачите Албанија ќе увезува струја и во последните два месеца од годнава. За таа цел албанската Влада издвои средства во износ од една милијарда леки или 7,5 милони евра, од вкупно потребните 30 милиони евра. Средствата се наменети за албанската Електродистрибуција во форма на позајмица, која пак за месеците ноември и декември ќе увезе околу 600 илјади мегават часови електрчна енергија. Остатокот од потребните средства Електродистрибуција ќе ги покрие од сопствени извори. Од почетокот на летото, поради сушниот период, Албанија се соочува со неповолна енергетска ситуација и поради тоа од јули почна со увоз на струја. За таа цел Електродистрибуција и албанската електрокорпорација КЕШ досега потрошиле околу 100 милони евра, средства главно на Електродстрбуција и Владата. Владата претходно одобри 22,5 милион евра, со цел КЕШ и Електродистрибуција да ги платат доспеаните кредити.
|