Косово работи за членство во Интерпол во 2018 и во УНЕСКО 2019 годинаПриштина, 18 октомври 2017 (МИА) - Косовската Влада работи за членство во Интерпол следната година и УНЕСКО во 2019 година, а во перспектива во НАТО и ОН, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Харадинај рече дека има „корумпирани политичари, обвинители и судии во Косово", нагласувајќи дека „недопустливо е донесувањето на судски одлуки да трае и по десет години".
- Принципот е многу едноставен - или ќе ја завршиме работата или ќе одиме дома, истакна Харадинај.
|