Хан: Датумот за членство во ЕУ е амбициозен, но остварлив

Србија и земјите од регионот можно е да станат членки на Европската унија и поскоро од што се очекува, а како функционер што се занимава со овој процес секојдневно, сметам дека 2025 година е „амбициозен, но остварлив рок“ за пристапување на нови членки во Унијата, наведе еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Тој, на заедничката прес-конференција со српската премиерка Ана Брнабиќ и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, што беше одржана по завршувањето на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Србија посочи дека, севкупните преговори за пристапување во ЕУ треба да бидат завршени до 2023 година, бидејќи потоа следи постапката за ратификација во земјите-членки и Европскиот парламент.

- Добро е што претседателот на Европската комисија Жан Клод-Јунер е амбициозен и го застапува проширувањето. Тоа ни дава „ветар во грбот“ за нашите напори, потенцираше Хан.
Еврокомесарот најави дека Европската комисија во февруари ќе постави стратегија за асоцијација, што ќе се однесува на перспективата за проширување на сите земји во регионот.



- И благодарам на српската премиерка Ана Брнабиќ за просуството на седницата. Уште еднаш ја покажа посветеноста на Србија на европскиот пат. Таа посветеност се забележува и преку пораките и делата на српската премиерка, истакна Хан.

Тој ја пофали храбрата одлука на српскиот претседател Александар Вучиќ да покрене внатрешен дијалог во Србија, што е одлучувачки за секој понатамошен напредок.
- Важно е да се зборува не само за вредностите на ЕУ, туку и за тоа тие вредности да бидат прифатени и да се верува во нив. Тогаш сме на правиот пат. Важно е да им се покаже на граѓаните кои се придобивките од членството во ЕУ и подобрувањето на квалитетот на нивните животи, заклучи Хан.

Могерини нагласи дека, Србија остварува екстремно добар напредок на патот кон Европската унија.
- Тоа е наш заеднички интерес и стретешка цел за двете страни, посочи таа.
Таа констатираше дека, самиот факт оти ЕУ од 2000 година, досега, инвестирала девет милијарди евра за поддршка на реформите и развојот на Србија, е доказ за тоа колку е длабоко, силно и важно партнерството на Унијата и Србија.

Како што претходно јави МИА, Брнабиќ, од своја страна, наведе дека се надева оти до декември Србија ќе отвори три или четири нови поглавја во преговорите за членство со ЕУ.

- Србија е подготвена за отворање на пет нови поглавја. Јас очекувам три или четири од нив да бидат отворени во декември, нагласи Брнабиќ.
Српската премиерка, додаде дека според неа Србија на треба да се натпреварува со другите земји кандидатки по број на отворени поглавја, туку треба да се фукусира на тоа, што е неоходно да се заврши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...