Во Косово избрана локалната власт, ниту една жена градоначалник

По вчерашниот, втор круг од локалните избори, според прелиминарните резултати што ги објави Централната изборна комисија, во Косово најголем број градоначалнички места освои „Српска листа“, вкупно десет. Осум од нив освои во првиот, додека две во вториот круг.



По Српска, следува Демократскот сојуз на Косово на Иса Мустафа со освоени осум градоначалнички места, по четири во двата круга.
Алијансата за иднината на Косово на актуелниот премиер Рамуш Харадинај победи во седум општини, две во првиот и пет во вториот круг, додека Демократската партија на претседателот на парламентот Кадри Весели, победа извојува во пет помали општини, една во првиот и четири во вториот круг.

Движењето „Самоопределување“ ќе раководи со три општини, вклучувајќи ја и Приштина, сите освоени во вториот круг.
Партијата на Беџет Пацоли, Алијанса за Ново Косово, и Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај, како и партијата на турската етничка заедница, освоија по едно градоначалничко место, додека две општини ќе бидат раководени од независни кандидати.

На овие избори ниту една жена не успеа да добие доверба за да раководи некоја општина. Мимоза Кусари-Лила се надеваше на реизбор во Ѓаковица, која иако во првиот круг имаше предност не успеа да извојува победа.
Претседателката на Централната изборна комисија, Ваљдете Дака изјави дека изборниот ден минал без поголеми проблеми. Од вкупно запишаните 1.353.680 граѓани, правото на глас го оствариле 516.573 или 38,10 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...