Ѓукановиќ: Не е исклучено да бидам кандидат за претседател на Црна Гора

Поранешниот црногорски претседател и премиер и актуелен лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ повторно најави дека не е исклучена можноста на претстојните избори да биде кандидат за претседател на Црна Гора.



- На претстојните претседателски избори ДПС ќе предложи доволно квалитетен кандидат, со кој ќе оствари важна политичка победа и ќе ја зацврсти евроатланската насока на Црна Гора, изјави Ѓукановиќ во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Ѓукановиќ нагласи дека сепак не е исклучено на изборите, што ќе се одржат најверојатно во март следната година, токму тој да биде кандидатот на ДПС за претседател.
Тој оцени дека „своите 25 најдобри години“ од животот ги дал за да се дојде до она што денес се смета за остварување на современа Црна Гора.

- Кога и да биде потребно ќе направам се со цел тоа остварување да се зачува и унапреди, па затоа никогаш нема да бидам во дилема дали да се ангажирам или не, порача Ѓукановиќ. 

Тој досега во неколку наврати ја најавуваше можноста повторно да се кандидира за претседател.
Како што јави МИА, Ѓукановиќ кон крајот на октомври изјави дека „се подготвува да заземе една од највисоките функции во државата“, но ДПС е таа што ќе реши дали тој ќе биде премиер или ќе се кандидира за претседател, а на почетокот на месецот во настап на една трибина ја остави отворена можноста да се кандидира за нов претседателски мандат.

Ѓукановиќ во ноември 2016 година поднесе оставка на функцијата премиер, најавувајќи дека ќе учествува во политиката само како лидерер на ДПС.
Тој беше претседател на Црна Гора од 1998 до 2002 година, а премиер во без малку целиот преостанат период од 1991 до 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...