Размена на територии можеби е реално решение доколку се согласат Белград и Приштина

Размена на територии-Прешевската долина за дел од северно Косово можеби е реално решение доколку за тоа се согласат Белград и Приштина и доколку на ваквиот договор би кумувала меѓународната заедница - ОН,ЕУ,САД, Русија и другите членки на Советот за безбедност.



Тоа го нагласува во интервју зе белградски „Нови магазин“(НМ), Иван Вејвода - поранешен директор на германскиот Маршалов фонд во САД, а сега директор на европскиот проект на Институтот за хуманистички науки во Виена.

Во интервјуто за НМ, кое го пренесуваат српски медиуми, Вејвода изјави дека таквата идеја која е во оптек, доаѓа од Косово, а во минатото била еден од четирите предлози за решавање на косовското прашање на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

„ Во Европа и Америка има различни мислења за ова прашање: Едни сметаат дека ова е реално решение, други се спротивставуваат на ова стравувајќи дека менувањето на граници би можела да има домино ефект во Македонија, Бих итн. Меѓутоа, според извештај на Меѓународната кризна група од 2008 или 2009 година се наведува дека истражувањата посочуваат дека нема да има домино ефект, бидејќи во именуваните држави никој нема ништо против размена на териториите, доколку тоа е резултат на директен договор меѓу Белград и Приштина“-тврди Иван Вејвода.



Ова е реално решение доколку двете страни се согласат - заклучи Вејвода, додавајќи да смета дека тоа можат и сега да го направат, без разлика на тоа што другите земји би кажале.
На прашањето дали целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина подразбира размена на амбасадори, Вејвода одговори: - Можеби во еден момент тоа значи тоа, прашање е кога и како.
Тој додаде дека ова може да се случи на „вратите на Европската Унија, во моментот на отворање на капијата на Унијата, тоа е последниот момент“.

Директорот на европскиот проект на Институтот за хуманистички науки во Виена Иван Вејвода оцени дека активноста на Русија во регионот оди во насока на поткопување на влијанието на ЕУ и кон укажување на ставот како ЕУ не сака го прими овој дел од Европа, додавајќи дека Русија за тоа финансира партии, невладини организации, делови од интелектуалната елита,  медиумите, новинари и ги користи своите канали да ја пласира поракатаа и да го рашири своето влијание.

Од друга страна, Вејвода верува дека „во Русија сепак постои свест дека регионот оди кон ЕУ и дека еден ден ќе стане нејзин составен дел“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...