Југозападна Бугарија во портокалова фаза поради циклонот „Филип“

Во југозападна Бугарија прогласена е портокалова фаза поради доаѓањето на циклонот „Филип“, кој е проследен со силни ветрови и поројни долждови.



Поради опасноста која ја носи невремето, бугарското Министерство за внатрешни работи синоќа свика кризен штаб. Раководители од Министерството се распоредени во различни региони на земјата, за одблизу да ја следат ситуацијата.

Објавената опасност од прв и втор степен значи дека се очекуваат интензивни врнежи, кога се очекуваат да паднат меѓу 35 до 65 литри на метар квадратен, а на одредени места и повеќе.

Во комбинација на позитивни температури и интензивното топење на снегот можни се поплави.
Во Бугарија веќе се воспоставени и  единици за 24-часовно набљудување на браните во Западна Бугарија, каде врнежите ќе бидат најсилни. Во источна Бугарија, налетите на силните ветришта се очекуваат да достигнат над 80 километри на час.

За време на викендот се очекува врнежите на дожд да престанат, додека во источниот дел ќе продолжат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...