Хрватска забрани увоз на кекси од БиХ и Србија

Хрватската санитарна инспекција забрани увоз на шест пратки со кондиторски производи од Босна и Херцеговина и од Србија, поради наводно преголемо количество на штетната супстанца акрималид во нив.



Според Европскиот систем за брзо известување за безбедноста на храната (РАССФ), станува збор за пратки со кекс од БиХ и крекери и интегрални бисквити од Србија.
Истиот извор посочува дека најголемо количество на акрималид, кој се смета за потенцијално канцероген, имало во производите од БиХ, а најмало во српските интегрални бисквити.

Белградскиот весник „Политика“ во денешното издание наведува дека српските надлежни органи веќе стапиле во контакт со производителите на вратните стоки и земале мостри за проверка на количеството на акрималид.

Според весникот, во оваа фаза од контролата, властите не објавуваат за кои производители се работи.
Хрватската агенција за храна не се огласи во врска со овој случај, со образложение дека посочените производи биле запрени на границата и не се појавиле на пазарот во Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...