Одземен пасошот на екс-албанскиот прв полицаец Саимир Тахири

На барање на албанското Обвинителство за тешки кривични дела, Суд во Тирана му ја одзеде патната исправа на поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири.



Тој е под истрага за помагање на меѓународна трговија со дрога преку криминалната група на Моиси Хабилај, кој се наоѓа во притвор во Италија.

Обвинителството тврди дека има основа на сомнеж дека Тахири бил вмешан во недозволена трговија со дрога кога бил министер за внатрешни работи во периодот од 2013 до март годинава.

Според Обвинителството, водачот на криминалната банда Моиси Хабилај, кој е наречен „балкански Пабло Ескобар“, бил братучед на Тахири.

На Тахири, кој беше избран за пратеник на јунските избори, на 25 октомври му беше одземен пратеничкиот имунитет, но не беше одобрено и негово апсење, туку само можност Обвинителството да го повика на распит и да може да се изврши претрес во неговиот дом, што беше и сторено.

Тахири категорично тврди дека станува збор за друго лице со ист идентитет, за што поседува и документ од италијанското Обвинителство.
Албанските медиуми тврдат дека Тахири и други високи полициски функционери „заработувале“ милионски суми помагајќи ја недозволената трговија со марихуана. По тројца поранешни началници на полициски комесаријати е издаден налог за апсење, но тие не и се достапни на полицијата.

Како што претходно јави МИА, двајца агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) од почетокот на ноември се во Албанија и помогнат во истрагата за перење пари и организиран криминал.

- Првото големо апсење е најавено за почетокот на следната година. Очекуваме апсење на „големи риби“ на почетокот на идната година. Партнерите очекуваат, народот го сака тоа, изјави тогаш американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, по средбата во Министерството за правда во Тирана, на која присуствуваа и агентите на ФБИ.
Албанија има долга традиција на одгледување на марихуана, која,пред доаѓањето на Енвер Хоџа на власт слободно се користела како средство за смирување на децата.
 
Во времето на Хоџа одгледувањето на ова растение им било дозволено само на посебни комбинати, кои главно го извезувале на швајцарски фармацевти.
Западните експерти тврдат дека во Албанија годишно се произведуваат повеќе од 1.500 тони марихуана во вредност од речиси осум милијарди евра. Во оваа земја не постои ниту една економска гранка способна за генерирање на таков капитал.

Европол деновиве во последно објавениот стратешки извештај, како и во сите извештаи во последните години, Албанија ја рангира како главен извор на недозволена трговија со марихуана во земјите на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...