Србија: Фактурите од хартија одат во историјата

Српската Влада одлучи сметководствените документи, вклучувајќи ги и фактурите, да не се печатат ниту да содржат печат или потпис, се наведува во соопштението на Канцеларијата за соработка со медиумите на Владата на Србија.



Одлуката е потпишана од министерот за финансии Душан Вујовиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

Според одлуката дека правните лица и претприемачите можат да издаваат фактури во хартиена или електронска форма. Клучно појаснување е дека не е задолжително да се печати фактурата која изворно е настаната во електронска форма, ниту пак на евентуално отпечатениот документ да се става печат за да се смета за валиден.

Електронската фактура е валидна во електронска форма, без потпис и печат, не мора да се отпечати и не мора да се испраќа по пошта.

Фактурата која изворно е настаната во хартиена форма, не мора да содржи печат и потпис на одговорното лице. Исто така, фактура која е настаната во електронска форма или преку дигитализација, исто така не мора да биде потпишана со електронски потпис.

- Примената на оваа регулатива ги елиминира огромните непотребни трошоци и го олеснува бизнисот. Заштедата на пари, хартија и на време значи побрз, поефикасен и рационален бизнис, во согласност со современите стандарди, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...