Вучиќ: Русија е стратешки партнер на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Москва се сретна со рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, до кого разговараше за стратешкото партнерство на двете земји, енергетиката, поддршката на Русија во однос на прашањето за Косово, ситуацијата во регионот, како и за економската соработка.

- Сакаме постоечката соработка во енергетиката, земјоделството, телекомуникациите и другите области да ја унапредиме и зајакнеме, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател исто така, се заблагодари и за цврстата поддршка од страна на Русија за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, наведувајќи дека Белград е цврсто определен за понатамошен развој на политичките односи со Русија врз темели на стратешко партнерство и подготвеност на двете страни за нивно продлабочување во сите области.

Вучиќ укажа и дека Русија е еден од стратешките економски и надворешно-политички партнери на Србија.

Тој изнесе податоци дека вкупната трговска размена во 2016 година достигнала 2,3 милијарди долари, додавајќи дека во наредниот период Србија ќе го насочи вниманието на зајакнувањето на трговската соработка со Русија, како би биле искористени погодностите кои ги нуди договорот за слободна трговија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...