Грчкото Министерство за образование соопшти дека останува на ставот да ги забрани средношколските екскурзии во странство, мерка која беше воведена со цел да се избегне ситуацијата децата од посиромашни семејства да бидат засрамени пред соучениците затоа што немаат пари за поскапи патувања.
Еден исклучок од ова правило е традиционалната петдневна екскурзија на матурантите, која се уште може да биде организирана во странство.
Училиштата се повикани сите образовни екскурзии да се организираат во Грција.