По предлог на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, албанската влада го разреши од функцијата генералниот директор на албанската полиција Хаки Чако.
Тој на таа функција беше две години.
Џафај искажа високи оценки за ангажираноста на Чако, но додаде дека полицијата ја очекуваат многу предизвици,кои бараат „поголема динамика во работата“.
За вршител на должноста е именуван Ребан Јаупи, досегашен заменик генерален директор .
Според медиумите наследник на Чако најверојатно ќе биде Арди Велиу, актуелен директор на полицијата на Тирана.