Тачи и Харадинај го осудија убиството на Оливер Ивановиќ

Косовскиот претседател Хашим Тачи го осуди убиството на еден од лидерите на Србите во Косово, Оливер Ивановиќ и ги повика безбедносните служби што е можно поскоро да ги расчистат околносите на настанот.



Во објава на неговиот профил на Фејсбук, Тачи побара сторителите на убиството да бидат изведени пред лицето на правдата и апелираше до граѓаните од северот на Косово да соработуваат со полицијата.
Убиството на Ивановиќ го осуди и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој вети дека надлежни институции во Косово ќе сторат се за расветлување на случајот.

Харадинај оцени и дека е нелогично Србија да го блокира дијалогот Белград-Приштина и денешното убиство да го користи за дневна политика.



- Убиството на Оливер Ивановиќ во нејасни околности и непознати мотиви е кривично дело и тоа е казниво. Корстењето на овој трагичен настан за дневно политички цели и за блокирање на процесите чија цел е нормализирање на односите меѓу двете земји, е против логиката и духот на соработка. напиша Харадинај на својот профил на Фејсбук.

Тој посочи дека Косово останува посветено на создавање безбедна средина за сите свои граѓани и е силно определено на неговиот евроатлантски пат.

Ивановиќ, кој беше лидер на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“, беше застрелан утринава во Косовска Митровица. Во него беше пукано додека влегувал во просториите на својата партија околу 8:15 часот.
По нападот тој бил итно пренесен во болница, каде лекарите констатирале смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...