Тахири: Приштина не доби барање од Белград во врска со истрагата за убиството на Ивановиќ

Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека до сега Приштина не е примила никакво барање од Белград за вклучување на српски претставници во истрага за убиството на Оливер Ивановиќ, додавајќи дека ниту има место за нешто такво.



Тој нагласи дека секоја информација на косовските граѓани која може да помогне за решавање на случајот со убиството на Ивановиќ е добредојдена, но не и учество на Белград во истрагата.
- Косовските институции до сега не добиле никакво барање, ниту од српската Влада, ниту од некој друг во врска со вклучување во истрагата за случајот со убиството на Оливер Ивановиќ, изјави тој за весникот „Експрес“.
Според Тахири, за истрагата на убиството надлежни се само косовските институции, додавајќи дека ниту Еулекс до овој момент не соопштил дека добил такво барање.

Лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Ивановиќ беше застрелан вчера во Косовска Митровица. Во него било пукано додека влегувал во просториите на партијата. Ивановиќ по нападот бил итно пренесен во болница, но лекарите само констатирале смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...