Хашим Тачи го критикува Иванов за Законот за употреба на јазиците

Претседателот на Косово Хашим Тачи ја критикуваше одлуката на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да не го потпише Законот за употреба на јазиците, оценувајќи ја како „производ на надминат менталитет“.



Тачи го критикува својот македонски колега, кој се изјасни дека Законот за јазиците, така како што беше усвоен, содржи многу пропусти и неправилности.
Посочува дека „високо го цени гласањето за официјализирање на албанскиот јазик“ во Парламентот. Но, одлуката на Иванов ја смета за „жална“.

- Што се однесува до одлуката на претседателот Иванов, тоа е за жалење. Таа одлука е производ на надминат менталитет, но и тоа прашање ќе биде затворено еднаш и засекогаш, без оглед на неговото мислење, вели Тачи во интервјуто за Дојче веле, редакција на албански јазик.

Косовскиот претседател е убеден дека Законот ќе биде донесен и тоа, според него, никој не може да го спречи тоа.
- Дефинитивно, таа одлука помина и не може да се запре, без оглед на ставот на еден политичар, или носител на некоја функција, смета Тачи.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не е никакво изненадувања за него што Иванов не го потпишал Законот, бидејќи ставот на Претседателот бил познат однапред и би било изненадување доколку тој го потпишел законот.
- Но,тоа нема да го попречи Законот да стане закон. Тоа е нешто најзначајно, изјави Рама, посочувајќи дека се чувствува горд кога го обвинуваат дека ги брани Албанците во Македонија и оти ќе продолжи да ги брани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...