Османи: Време е за помирување на народите на Балканот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на посетата на Република Србија, се сретна со српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.



Од Кабинетот на Османи соопштија дека на средбата бил дискутиран напредокот на односите меѓу двете земји, како и предизвиците со кои двете земји се соочуваат при приближувањето кон Европската Унија.

- Ни претстои исклучително важен, може да се рече историски период од аспект на европските интеграции на двете земји. За две недели во Брисел ќе излезе Стратегијата за проширување на Европската комисија, каде се надеваме на првите сигнали во насока на европскиот оптимизам од страна на Брисел за процесот на проширување. Во наредните месеци ги очекуваме и Извештаите за напредокот на земјите од страна на Европската комисија, по што, во мај следува Самитот за проширување на Европската Унија во Софија, истакнал Османи.

На средбата бил потенциран новиот моментум во кој се наоѓаат земјите од Западен Балкан, кој бил оценет како историска шанса за помирување на народите на Балканот и затворање на сите отворени прашањата, а во интерес на севкупната интеграција на Балканот во современите цивилизациските текови на Европа.

- Како претставници избрани од граѓаните да го предводиме овој процес, имаме обврска да не ја пропуштиме оваа можност, напротив, на секој можен начин да ја искористиме оваа шанса, и да покажеме дека и земјите од Западниот Балкан се европски земји; дека и земјите од Западниот Балкан можат да бидат дел од решението, а не дел од проблемот; и дека оваа наша определба не е само декларативна туку и суштинска, посочил Османи на средбата.

Покрај средбата со министерката Јоксимовиќ, во рамките на посетата на Белград, вицепремиерот Османи се сретнал и со претседателот на Одборот за европски прашања во Парламентот, Ненад Чанак, како и со координаторот на Националниот Конвент за ЕУ на Република Србија, Наташа Драгојловиќ.

Посетата на Белград е дел од мини балканската турнеја која вицепремиерот Османи ја почна на почетокот на месецов со посетите на Атина и Тирана, а по посетата на Белград, ќе замине за Софија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...