Косовски аналитичари предупредија дека членството на Косово во меѓународните организации ќе биде уште поотежнато ако косовските односи со партнерите од ЕУ и САД бидат загрозени, пишува приштинскиот весник „Коха“.
Како што се наведува во прес-клипингот на УНМИК, „Коха“ пишува дека закана за односите меѓу Приштина и меѓународните партнери е тоа што се уште не е ратификуван Договорот за демаркација со Црна Гора и иницијативата за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства.
Извршниот директор на Американската стопанска комора во Косово, Арјан Зека вели дека ЕУ и американските партнери му помогнале на Косово да стане независно и да се приклучи кон многу меѓународни механизми.
- Евентуалното нарушување на овие односи би можело да ги загрози косовските напори да се приклучи кон други институции и повеќе нема да можеме да сметаме на поддршката на овие земји, истакна Зека.