Брнабиќ: Габриел нема донесено никаков документ

По изјавата на германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел дека Србија би требало да ја прифати независноста на Косово и пишувањата на косовските медиуми дека тој го преставил предлог докуметот за правно-обврзувачкиот договор меѓу Белград и Приштина, со рекација се јавија премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ.



Како што им изјави на медиумите српската премиерка Брнабиќ, Габриел нема донесено никаков документ, потенцирајќи дека правно обврзувачкиот документ е исклучиво прашање во надлежност на Белград.
- Габриел не донесе никаков документ. Разговаравме со него за дијалогот меѓу Белград и Приштина и за нормализација на односите, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека „нема потреба никој да ни носи каков било документ. Габриел само не праша какви ни се плановите во врска за овој договор„.
Изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел во Приштина дека Србија треба да го призна Косово беше повод и за реакција на српскиот министер за надворешни работи на денешниот состанок со шефовите на дипломатиите на ЕУ и на земјите кандидати во Софија, дека таквите пораки се неприфатливи и арогатни.

- Би Ве замолил да се почитува ставот на ЕУ. Апсолутно е контрапродуктивно одделни министри за надворешни работи да му испраќаат на Белград арогатни пораки дека мора да се признае независноста на Косово. Да потсетам дека тоа е еднострано прогласен чин и Србија е подготвена за дијалог за изнаоѓање трајно решение, но тоа е она што вие во ЕУ не сакате да го чуете, земајќи го во предвид значењето на Косово за Србија. Немојте да не вреѓате или понижувате. Ние сме за договор, со почитување на интересите на двете страни, изјави Ивица Дачиќ пред министрите за надворешни работи на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...