Во Србија има повеќе од 30.000 невакцинирани деца

Во Србија има повеќе од 30.000 деца кои се уште не се вакцинирани, изјави денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар.
На денешен ден, соопшти министерот, 2.222 луѓе се болни од морбили, има 268 компликации, а повеќе од 30.000 деца во Србија се уште не се вакцинирани.



- И сега треба да ги пуштиме децата да одат во градинка невакцинирани и така да одат во училиште и потоа да имаме уште повеќе заболени и тогаш сите да кажат дека оваа држава не функционира. Ве молам вакцинирајте ги своите деца, не постои друг лек. Немојте да ја шириме приказната. Од оваа ситуација не можеме да излеземе, тоа го покажуваат примерите, статистиката, струката, додека не ги вакцинираме децата. Нема друго решение, изјави Лончар.

Според него, судот ќе одлучи за јавните личности кои јавно ги повикуваа родителите на децата да не им даваат ММР вакцина и ги повика родителите задолжително да ги вакцинираат децата.
Живата вакцина е и за варичели и за ММР, објаснува министерот и додава дека струката вели оти двете можат да се примат одеднаш, а ако се не примат така, тогаш мора да има период од четири недели меѓу нив, а потоа педијатарот што ќе го прегледа тоа дете ќе направи анализи и ќе донесе одлука.

По повод светскиот Ден на деца болни од рак, Лончар изјави дека се поголемиот број болни од оваа страшна болест не е само тренд во Србија и во Белград, туку дека е така во целиот свет и оти се работи со цел луѓето да се дијагностицираат на време и го нагласи значењето на превенцијата.

- Кој очекува дека дете може да има некоја малигна болест, кој помислува на тоа. Ги молам сите родители, кога децата ќе се пожалат на нешто, немојте да се чека, немојте да велите дека ќе помине, да прашаме баби, дедовци, ајде детето веднаш да се однесе на преглед, да се направат анализи, затоа што може да се загуби скапоцено време, вели Лончар.

Кога болеста ќе се открие на време, нагласува министерот, за повеќето од нив, иако се малигни, постои стопроцентно излекување и луѓето можат да продолжат да живеат без никакви последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...