Студен бран го блокираше Балканот

Под влијание на студениот сибирски бран што од исток се прошири кон Балканскиот Полуостров, целиот регион е зафатен од ниски температури и врнежи од снег, кој падна дури и во делови на јадранското крајбрежје.



Според Црногорскиот хидрометеролошки завод, најмногу снег во Црна Гора наврнал на Жабљак каде е формирана снежна покривка од 97 сантиметри, а снег има во Подгороца, Цетиње, Колшин, Шавник, Рожаје, Андријавица, Бијело Поље и Пљевља.

Снег паѓал вчера и во црногорското пристаниште Бар, кој набрзо преминал во дожд.
Директоратот за вонредни состојби при црногорското Министерство за внатрешни работи ги повика сите институции да го зголемат степенот на подготвеност пред налетот на студениот бран.

Снег падна и во поголемиот дел од Хравтска, поради што властите на целата територија на земјата прогласија жолт метеоаларм за опасност од временски неприлики.
Во континентална Хрватска се измерени температури од минус 17 до минус три степени, а на јадранското приморје од мунус четири до четри степени.

Највисока снежна покривка од 232 сантиметри е формирана во Завижан, во Делнице 149, на Плитвичките Езера 115, во Огулин 92, Госпиќ 81, а во Слуњ 75 сaнтиметри. 

Најголемиот дел од Босна и Херцеговина исто така е прекриен со снег, при што највисока снежна покривка од 183 сантиметри е измерена на Бјелашница.
Во тој реон е измерена и температура од минус 16 степени Целзиусови, во Хан Пјесак од минус 11, во Тузла минус шест, Бања Лука и Сараево по минус пет, а во Мостар еден степен над нулата.

Снег од вчера паѓа и во цела Србија, каде исто така се измерени температури под нулата.
Снегот предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во поголемиот дел од Балканот, пред се на повисоките места.  Засега нема информации за жртви при невремето.
Метеоролозите најавуваат дека исклучително студеното време, проследено со ниски температури и снежни врнеж, ќе продолжи во текот на целата оваа недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...