Фатмир Лимај ослободен од обвинението за воено злосторство

Фатмир Лимај, актуелен пратеник во косовското Собрание и поранешен командант во Ослободителната војска на Косово (ОВК), е ослободен од обвиненијата за воено злосторство.



По повеќе од 18 месеци од покренувањето обвинение, Основниот суд во Ѓаковица го ослободи Лимај од обвиненијата, бидејќи „не се докажани елементите на кривично дело“.

Обвинителство пред година и половина го обвини Лимај за воени злосторства, поврзани со убиство на двајца цивили од албанска националност, извршено во октомври 1998 година, во близина на селото Беланица во општина Малишево.

Според обвинението, Лимај како командант на 121-та бригада на ОВК, „не презел разумни и неопходни мерки во согласност со своите надлежности, за да го спречи убиството на Рамиз Хоџа и Селман Биниши“.
Хоџа, од селото Беланица, и Биниши, од селото Бања, во кое што е роден и Лимај, биле киднапирани на 2 октомври 1998 година, во близина на џамијата во Беланица, а потоа егзекутирани околу четири километри подалеку, во близина на селото Кравасари.

Во обвинението беше наведено дека Лимај ги видел телата на жртвите и бил свесен за злосторствата, но дека „намерно не презел мерки за пронаоѓање на сторителите и оти никогаш не го пријавил случајот до надлежните органи, за да може да се спроведе истрага и за да може случајот да биде процесиран“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...